Добивај вести на Viber
Левица го критикува премиерот Христијан Мицкоски и потсетува што ветуваше пред избори.
Велат дека отфрлањето на т.н. „Францускиот предлог“ не се ни споменува. Но, затоа, како што додаваат од партијата, наместо укинување, Христијан Мицкоски најави „нови лица“ во историската комисија.
„Откако „Преспанскиот договор“ стана реалност за новата Влада, најавено е ново изневерување за македонскиот народ, што со денови протестираше против Договорот со Бугарија и „Францускиот предлог“! Врховистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ излегува на површина. Ваков чекор е сосема очекуван од политички лидер којшто се повикува на Ванчо Михајлов. Под маневарот на некакво репреговарање, ДПМНЕ продолжува да функционира како продолжена рака на СДС по однос на националните прашања и ги остава во живот преговорите за историска ревизија. Како единствена анти-фашистичка опција, #Левица е децидна – историската комисија не треба да биде предмет на „реформи“ и „нови лица“, туку итно и целосно укината! Менувањето на македонската историја од страна на трета земја е грубо вмешување во внатрешните работи и нарушување на суверенитетот на државата. Едноставно, #Македонија не може и не смее да биде потчинета на бугарските националистички барања! Прифаќањето на „Францускиот предлог“ и подготвеноста на ДПМНЕ за продолжување на преговори со Бугарија е уште еден чекор кон разнебитување на македонскиот идентитет! Козметичките, промени во историската комисија, најавени од врхушката на власт, нема да ги заштитат државните и национални интереси!“, реагираат од партијата. Ја повикуваат Владата храбро да се спротивстави на секоја форма на предавство и да ги раскине штетните договори со кои и сама не се согласува, во спротивно како што велат од Левица, станува соучесник во деградацијата на Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.