Лидер на секта во Јужна Кореја се извини за ширењето на корона, нивни претставници се тие што беа вреѓани во земјава
Објавено во: Македонија, Свет 02 Март, 2020
Ли Ман-хе, лидерот на христијанската секта од Јужна Кореја која е поврзана со околу половина од случаите на заразени со коронавирус во оваа земја, се извини од името на своите членови.
„Сакам искрено да им се извинам на сите сограѓани во име на нашите членови“, рече Ли Ман-хе, пренесен од француските медиуми.
Тој може да биде обвинет за убиство заради ширење на коронавирусот. Градските власти во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, од државниот обвинител бараат покренување обвинение против Ли Ман-хе, основачот на црквата „Шинчонџи“ и против уште 11 други лица.
Сомневањата се дека тие ги криеле имињата на заразените членови на црквата кои официјалните лица се обиделе да ги пронајдат пред вирусот да се прошири.
Јужна Кореја е една од земјите со најголем број случаи на заразени од коронавирус надвор од Кина. Повеќе од половината заразени, кои сега изнесуваат околу 4.000, се членови на црквата на Исус „Шинчонџи“, која се смета за христијанска секта.
Здравствените власти во земјата тврдат дека припадниците на сектата минатиот месец во градот Даегу се заразиле едни со други, а потоа вирусот го пришириле ширум земјата.
А токму членови на таа секта беа во земјава подолг период, и во јавноста станаа познати и всушност беше откриено кои се тие, откако беше пуштено во јавност видео во кое наш сограѓанин ги нарекува со погрдни зборови „короништа“, алудирајќи на тоа дека тие се Кинези, односно дека се од земјата од каде што почна ширењето на коронавирусот. Овој настап на скопјанецот веднаш, со право, беше оценет како ксенофобичен и беше осуден од многумина, а на граѓаните од Кореја им се извинија домашните власти. Се извинија од Министерството за надворешни работи, како и градоночалникот на Скопје Петре Шилегов.
А Фактор дозна дека тие впрочем и не се од Кина туку од Јужна Кореја и се членови на невладина организација, а во Свети Николе одржале предавање за мир толеранција и разбирање.
Односно, какко што веќе пишувавме, Корејците се членови на невладината организација „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL) и тие во основните училишта во Свети Николе одржале работилници на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години.
Но, откако истражувавме која е невладината „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL) и со што се занимава, откривме дека нејзин водач, како што стои на интернет страницата е Ли-Ман-хе, кој пак е корејски религиозен лидер. Тој е основач и на Shinchonji Church of Jesus the Temple of the Tabernacle of the Testimony - Јужнокорејска христијанска група која беше обвинета дека е религиозен култ, а водачот тврди дека Исус Христос се појавил пред него како фигура. Лее беше обвинет дека е „лажен проповедник“.
Се крена и прашина во домашната јавност дали членови на таа група требало да држат предавање во домашните основни училишта. Од Министерството за образование и наука за Фактор тогаш се оградија дека не дале дозвола за проекти од ваков тип, како и дека сите проекти во училиштата ги одобрува Бирото за развој на образованието.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.