Луѓето кои ги открија „бомбите“ во трка за европска награда заедно со Асанж
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2018 17:27
Европскиот Параламент ги номинираше „свиркачите“ од Македонија, Златко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, двајцата поранешни вработени во УБК, кои открија дека повеќе од 20.000 политичари, министри, опоненети, новинари и бизнисмени се прислушуваат, за наградата за „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“.
Оваа награда за првпат ќе се додели во чест на убиената новинарка од Малта, Дафне Каруана Галиција која загина при експлозија.
Апликацијата ја поднеле од Транспарентност Македонија. Освен македонските „свиркачи“ , во тесниот избор за добитници на оваа награда се и: словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак кој беше убиен, основачот на Викиликс Џулијан Асанж, Мариа Ефимова, укажувач која откри корупција поврзана со политичарите во Малта и Рафаел Халет укажувачот за даночна евазија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.
Можеби ќе ве интересира
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




