28 Септември, 2024
0.0298

ЛУНА ПАРК ОД СОНИШТАТА: Ќе се исплати ли инвестицијата?

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Од градската каса за реализација на овој проект се планирани 6,5 милиони евра. Според пресметките новиот Луна Парк ќе генерира дополнителни средства во буџетот на градот со оглед на прогнозите кои велат дека на годишно ниво ќе го посетат повеќе од 200 илјади лица. На конкурсот за избор на идејно решение за нов Луна парк победи тимот ,,Лунар”, а автори на победничкото решение се Климент Патчев, Филип Конески, Марјан Димиќ, Борис Јурмовски и Борко Георгиев. Инспирацијата за дизајнирање на паркот ја добиле од анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање кон иднината. Според нивното решение е предвидено луна паркот да има ,,луда железница” и адреналински столб. За децата ќе има летачки рингишпил и балонски замок. Во Луна паркот ќе има и кино, водени тобогани, автодром и летачки рингишпил. Предвидено е да се изгради и набљудувачка кула покрај ресторанот во паркот од каде ќе се гледа целиот парк и зоолошката градина, а исто така ќе биде подигнат и воз на столбови кој ќе се движи низ целиот парк. Изградбата на новиот Луна парк во Скопје ќе почне следната година и ќе се одвива во фази. Предвидено е новиот Луна парк да се изгради за две години односно до 2018-та година. Ќе има:
  • Адреналински реквизити – 2 парчиња,
  • Семејни реквизити – 6 парчиња,
  • Детски реквизии – 18 парчиња,
20150917-kako-kje-izgleda-skopskiot-luna-park-4 (1) Новиот Луна Парк ќе се гради на локацијата на стариот Забавен парк, на површина од 84.040 метри квадратни. Првично беше предвидена површина од 26.563 м2, со можност површината на локацијата на постоечкиот забавен парк да се зголеми до 40.000 м2. 20150917-kako-kje-izgleda-skopskiot-luna-park-3 Носител на инвестицијата за изградба на Луна паркот е Градот Скопје, а парите за изградба, набавка и монтажа на реквизитите ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје. Од градската каса за реализација на овој проект се планирани 6,5 милиони евра. Според пресметките новиот Луна Парк ќе генерира дополнителни средства во буџетот на градот со оглед на прогнозите кои велат дека на годишно ниво ќе го посетат повеќе од 200 илјади лица. Според проектот, предвидено е во новиот Луна парк да има и административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со Европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалоци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг простор, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот. Од Градот посочуваат дека со инвестицијата се очекува да се генерираат зголемени приходи од работењето на забавниот парк,кој ќе има капацитет на годишна посетеност од 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Дополнително Советот на Град Скопје со посебна одлука ќе го уреди управувањето со објектите и опремата(реквизитите) во Забавниот парк. 20150917-kako-kje-izgleda-skopskiot-luna-park-5 Три години градските власти се обидуваа да најдат концесионер за изградба на новиот Луна парк. Досега има неколку пропаднати тендери, или немаа комплетна документација а и имаш и случај како последниот на тендер, кога не беше стигната ниту една понуда. Во обид да се најде инвеститор за јавно-приватно партнерство, Градот неколку пати ги менуваше и условите јавните огласи. По неуспешните обиди, сега инвеститор ќе биде Градот. Првично инвестицијата беше проценета на 12 милиони евра, па потоа се намали на 7 милиони евра. Колку навистина ќе чина реализацијата на овој проект засега не е познато. Но изминатите години додека се бараше инвеститор, во секој буџет беа планирани пари за оваа намена. За годинава во градската каса беа предвидени  430.894 евра за изградба на новиот Луна парк. Опозициските советници на една од седниците на градскиот Совет побараа парите наменети за изградба на Панорамското тркало  во вредност од  15,5 милиони евра да се пренаменат за изградба на новиот Забавен парк. Советниците од опозицијата тогаш изјавија дека компаниите не се пријавуваат на тендерот затоа што сметаат дека нема да им се исплати инвестицијата, особено затоа што и во самиот проект е наведено дека паркот во моментот работи на границата на рентабилност. Но, градоначаникот Коце Трајановски, тогаш изјави дека нема да има потреба да се избира, бидејќи Градот е подготвен од сопствен буџет да ја финансира обновата на Луна паркот, но и дека ќе побара финансиска помош и од Владата. Инаку токму изградбата на новиот Луна парк, беше и еден од адутите во текот на изборната кампања на  кандидатот и сегашен градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД