17 Декември, 2025
0.1641

Македонија и БиХ ќе ја интензивираат економската соработка

Објавено во: Економија 02 Септември, 2013 13:14

Добивај вести на Viber

Постои огромен простор за зголемување на трговската размена меѓу Македонија и БиХ, заклучија на денешната средба во Cкопје министрите за земјоделство на двете земји, македонскиот, Љупчо Димовски и босанскиот, Мирко Шаровиќ. Двајцата министри се договорија, клучни заложби да им бидат интензивирањето на економската соработка преку почеста комуникација меѓу бизнис-заедниците и поедноставувањето на царинските постапки во делот на фито-санитарната политика. - Сметаме дека не е доволно сторено во овој правец. Потребни се дополнителни чекори за унапредување на трговската соработка, за пласман на нашите производи во БиХ и обратно. Ќе организираме бизнис средби во соработка со коморите со цел размена на информации за потенцијалот за пласманот на земјоделско-прехранбените производи и поинтензивен маркетинг преку настап на саеми и други форми на презентација и промоција како начин за унапредување на извозот - посочи министерот Димовски на заедничката прес-конференција. Според него, акцент ќе биде ставен и на размената на искуства за евроинтеграциските процеси во земјоделскиот и руралниот сектор особено во однос на јакнење на административниот капацитет на институциите. Шаровиќ ја нагласи потребата од реализирање на заеднички иницијативи и зголемување на соработката преку ЦЕФТА. - Двете економии, особено земјоделството, не се меѓусебно конкурентни. Напротив, постои многу простор за зголемување на размената, напомена Шаровиќ и најави дека во претстојниот период Македонија и БиХ ќе ги усогласат документите за поедноставна размена на стоки. Воедно, додаде, ќе се работи и на отклонување на царинските бариери.  

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно