22 Мај, 2024
0.0299

МАКЕДОНИЈА НЕ Е ПОВЕЌЕ РИЗИЧНА ЗЕМЈА ЗА ГЕРМАНИЈА: Германија, Грција и Австрија со нови Ковид протоколи за нашите државјани

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Република Северна Македонија не се смета повеќе за Ковид “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Северна Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).

Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).  Во овие случаи не се определува мерка карантин.

Подетални информации, на следниот линк: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази