07 Октомври, 2024
0.0340

Македонија, од економска оаза – до економски колапс!

Објавено во: Економија 24 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Политичката криза ги потона очекувањата за економски раст од 4,1%. Новото истражување на Асоцијацијата за економски истражувања покажува дека оваа стапка е неостварлива. Народната банка засега остана на проекцијата за раст повисок од 4 отсто, но дел од економистите и бизнисмените ги пратија сигналите дека економијата преку повеќе канали веќе трпи штети, но и дека доколку не се превземат мерки и нема скорешна разрешница на политичката криза, негативните последици ќе бидат длабоки и тешко ќе се санираат. Каде ќе удри кризното цунами ... Првиот аларм дека политичката криза го зема својот данок во економијата дојде од туристичкиот бизнис. Менаџерите од овој сектор се мобилизираа и заеднички ги објавија првите анализи кои упатуваат на тоа дека странските туристи ги откажуваат аранжаманите во Македонија. Но, според економистите, туристичкиот бизнис е само увертира за она што допрва доаѓа. Последиците од политичката криза, која доби и безбедносна димензија ќе се почуствуваат во сите сегменти, од извозот до увозот, кај странските и кај домашните инвеститори, кај банките и вработувањата. “Политичката криза ќе влијае врз економскиот раст преку повеќе канали. Нјасилен ќе биде ударот врз странските директни инвестиции. Таа ќе се рефлектира на тој начин што најпрво ќе има воздржаност од нови инвестициски вложувања а оние кои веќе донеле одуки за инвестирање, плановите би ги одложиле за некое идно време. Вториот канал преку кој ќе се одрази кризата се домашните инвеститори и каиталните инвестиции, и тука ќе има водржана економска активност“, објаснува економистот Благица Петревска од Асоцијацијата за економски истражувања. Додека сите економии во Европа и во светот се фокусирани како да пружат олеснителни економски и монетанри политики се со цел бизнисот да има полесен пристап до потребните финансиски извори, во Македонија се случува обратен тренд, вели економистот Арбен Халили. “Најавите на НБРМ дека ќе се разгледува монетарната политика во земјата, претставува уште еден аларм за тоа дека, освен што веќе имаме сериозен проблем со навремено плаќање на ДДВ-то, малите и средни стопански ентитети директно се соочуват со проблемот на стабилна ликвидност за подмирување не само на побарувањата од соработниците туку и навремено исполнување на обврските спрема вработените. Во една таков безизлезен финансиски крстопат за бизнис заедницата, да планираш промена на монетарната политика која би била поригорозна, односно потешко бизнис заедницата ќе се кредитира, го сметам за свеен потег на соосдветните држани институции, вклучувајки ја и НБРМ за влошување на финансиската стабилност на компаниите. Доколку таквата монетарна политика се усвои, за многу кратко време не само што нема да се отварат нови компании и семејни земјоделски стопанства кои се толку посакувани за денвната политика, туку директно ќе се загрозуваат и постоечките бизниси“, вели Халили и додава: “Затоа апелирам во овој период, наместо ригорозна монетарна политика, треба да се превземат ригорозни мерки за да се прекине еднаш засекогасш на непродуктивното трошење на финансиските средства од самиот буџет. Не може неколку годни поред на само првиот квартал на годината, веќе да имате потрошено повеќе од 60 или 70% од вкупниот буџетски дефицит планиран за таа цела година. Клучот за решавање на финансиските проблеми не е во поригорнозни мометарни политики туку во подомаќинското управување со народните пари“. Според економистот Петревска, политичката криза ќе се одрази и во други сегменти од економијата, меѓу кои личната потрошувачка на домаќинствата. “Граѓаните ќе се воздржуваат од купување на трајни добра, како станови и недвижности, што значи намалена потрошувачка а можно зголемено штедење поради вкупната неизвесност. Многу важен сегмент ќе биде и Буџетот, односно неговото идно менаџирање. Имено, се наметнува потреба од ребаланс во состојба кога буџетските приходи не се со планираното темпо а од друга страна се најавени нови трошења што претходно не биле планирани. Ребалансот на буџетот ќе води во две насоки – или сериозно кратење на трошењата за да се одржи зацртаниот буџетски дефицит или одржување на планираните трошења пред продлабочување на буџетскиот дефицит, што пак значи нови задолжувања. Сметам дека е непоходно да се скрати од оние непланирани и непродуктивни трошења кои враѓат притисок на буџетот“, вели Петревска. Ликвидноста на буџетот Прашањето за ликвидноста на буџетот беше отворено во изминатите два месеци, откако Владата најави пакет на нови мерки, кои значат нови непланирани трошоци . “Во сегашниот веќе испланиран буџет е предвидено зголемување на платите за 5%, сега се најви раст на платите за полицијата до 20%. И социјлната помош ќе се зголемува двојно од планираното. Сето ова значи и нов дополнителен трошок за Буџетот, кој не е планиран. Сметам дека негаде во мај, јуни Владата ќе мора да направи ребаланс на Буџетот за да може да обезбеди пари за овие непланирани трошоци. Со ребалансот, прво можно е прераспределување, односно пренамена на пари од проекти кои не се реализираат за ставките кои сега ќе се зголемат. Но сепак, и покарј ваквите можни пренамени, за да се финансираат овие нови трошења, неминовни ќе бидат нови задолжувања“, оценува професорот Предраг Трпески. Додека се очекуваат пресметките на првиот финансиер за тоа дали, кога и како ќе се прекројува буџетската каса, дел од бизнис заедницата порача дека се доведени во прашање очекувањата за пректираниот економски раст, особено по најавите за заострување на монетраната политика, што директно ќе влијае врз забавување на кредитната активност а со тоа и врз вкупната економија. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми