„Македонија пат“: Снегот се чистеше и во текот на ноќта
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2025
ЈП „Македонија пат“ информира дека дежурните екипи и во текот на ноќта во континуитет работеле на терен и, како што соопштија од таму, вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.
„Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта“, велат од претпријатието.
Апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.
„Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, затоа апелираме да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
Исто така апелираме до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај.
ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.“, пишува во соопштението што го испрати претпријатието.