06 Октомври, 2024
0.0298

Сон за многу домашни фирми! “Македонија турист“ милион евра оперативна добивка на приход од три милиони евра!

Објавено во: Економија 08 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемата македонска хотелиерска компанија освен оперативната добивка од еден милион евра за половина година од приходи од камати, вложувања и заеми има прилив од околу 310.000 евра „Македонијатурист“, најголемата домашна хотелиерска компанија за првата половина од годинава од основната дејноста (хотелиерско-угостителска) заработила речиси еден милион евра, покажуваат официјалните неревидирани податоци што ги објави таа компанија која во својот состав има 6 активни хотели и 2 ресторани, сите во Скопје. Во споредба со лани „Македонијатурист“ ги зголемила приходите од продажба за 1 отсто до износ од 183,6 милиони денари (над 3 милиони евра). Од тоа една третина односно околу еден милион евра е добивка од оперативното работење. Оваа профитна маргина од 33 отсто е само сон за најголем број македонски компании кои важат за успешни. На расходната страна на билансот е забележливо дека менаџментот грижливо и константно и систематски води деловна политика за намалување на расходите. Тоа годинава го почувствувале и вработените каде ставката е пониска за 2 отсто во однос на лани и трошокот изнесува 42,5 милиони денари. Намалување од 4 отсто во однос на првата половина лани има и кај расходните ставки за набавка на суровини и материјали, кај услугите со карактер на материјални трошоци и кај амортизацијата. Вкупно расходите во првата половина од годината изнесуваат 123 милиони денари и се намалени за 3,6 милиони денари во споредба со истиот период лани. Сепак вкупната добивка на „Македонијатурист“ годинава бележи пад во споредба со истиот период лани и тоа во услови кога оперативната добивка е повисока од ланската. Причина за пониската добивка се помалите финансиски приходи на компанијата сега во споредба со истиот период лани. Имено, лани во првите шест месеци „Македонијатурист“ од приходи од камати, заеми, вложувања и крусни разлики инкасирала 24,27 милиони денари, а годинава во тој период инкасирала 17,9 милиони денари. Токму заради тоа, по пресметката на данокот од добивка, нето добивката за првите шест месеци годинава изнесува 70,5 милиони денари, што е за речиси 8 милиони денари помалку од реализацијата за истиот период лани. Многу е значајно да се истакне и тоа што оваа компанија нема кредити и има многу мал износ на тековни обврски кои во нивната врупна вредност изнесуваат 48,4 милиони денари. Компанијата има акумулирана добивка од 956,6 милиони денари и уште 840,9 милиони денари во резерви. Токму од горенаведените податоци не е чудно зошто портфолио менаџерите на „Отворен задолжителен пензиски фонд“ на НЛБ Тутунска банка до сега вложи солиден износ средства на идни пензионери и во неколку наврати досега купи 7,2 отсто од сите акции на таа компанија.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?