Mакедонски лекари на обука во реномираната индиска болница Аполо
Објавено во: Мои пари 03 Март, 2015 18:58
Меморандум за соработка во областа на медицината кој беше потпишан од македонскиот амбасадор во Индија Тони Атанасовски и финансискиот директор на Аполо болниците Ени Мари Монкури предвидува македонски доктори да одат на обука во Индија каде што ќе бидат обучувани за најнови методи и техники во одделни медицински области.
По потпишувањето на меморандумот финансискиот директор на Аполо болниците, Ени Мари Монкури го истакна задоволството од започнатата соработка.
- Аполо болниците се горди што имаат можност да потпишат меморандум за соработка со Македонија. Реформите што ги прави Владата во целиот систем, вклучително и здравствената заштита, дозволува да се има платформа да се прошируваме и растеме заедно. Се радуваме што продолжуваме да работиме и овозможуваме здравствена заштита низ целиот свет, изјави Мари по потпишувањето на меморандумот.
Предвидено е во текот на оваа година две групи на доктори од Македонија да престојуваат во посета на Аполо болниците, од кои првата група треба да замине во текот на втората половина од април, а втората група по завршувањето на летниот период. Првата група на лекари кои ќе ја поминат обуката за усовршување ќе биде составена од 7 лица, и тоа по двајца инфектолози и дерматолози, и по еден онколог, анестезиолог и доктор по физикална медицина.
- Лекарите ќе престојуваат во Аполо болниците два до три месеци. Ова е добра можност за стекнување на напредни знаења и затоа ги повикуваме сите заинтересирани доктори да се јават во Министерството за здравство со свои апликации и да се стекнат со можноста да бидат селектирани и да бидат дел од групата која ќе биде обучувана, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Аполо групацијата е најголемиот медицински центар во Индија кој поседува 50 болници и опслужува 1.500 пациенти дневно. Групацијата е лидер во хирургијата и трансплантацијата. Процедурите за воспоставување на соработката беа започнати при посетата на премиерот Груевски на Индија во јануари оваа година.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк




