Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со извинување до корисниците на роаминг услугите за пречките од синоќа
Објавено во: Мои пари 30 Август, 2014
Македонски Телеком АД Скопје и Т-Мобиле Македонија информира дека поради преоптоварување на сигналните точки помеѓу Македонски Телеком и Дојче Телеком, во периодот од петок вечерта до сабота во 3:40 часот, претплатниците на Т-мобиле Македонија не беа во можност да ги користат роаминг услугите.
Стручните екипи на компанијата, веднаш реагираа и беа во можност да ги вратат роаминг услугите во функција до сите корисници на Т-Мобиле Македонија. Главната причина за проблемот биле техничките неправилности на сигналните точки помеѓу Македонски Телеком и Дојче Телеком.
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, се извинуваат за настанатите пречки и понатаму максимално брзо и ефикасно ќе реагираат во сите ситуации за непречено користење на услугите од страна на граѓаните.