ТАМУ Е НАЈЕФТИНО: Македонците најмногу ќе патуваат во Бугарија на Нова Година
Објавено во: Македонија 29 Декември, 2015
Бугарија и Грција се најпосакуваните дестинации на Македонците за пречек на Новата година. Од останатите европски дестинации најатрактивни за Македонците се Виена, Прага и Милано.
Сепак голем дел од македонските граѓани ќе ја пречекаат новата 2016 година во својата татковина - дома или во ресторан, покажува истражувањето во пресрет на новогодишните празници.
Во Бугарија пакетот за празникот варира помеѓу 100 и 150 евра за три ноќи, додека во Грција можете да потрошите за Нова година помеѓу 75 и 125 евра.
Оние кои одлучуваат да ја поминат Нова Година во некоја од останатите европски метрополи ќе треба да одвојат помеѓу 150 и 350 евра во зависност од дестинацијата, бројот на ноќевањата и условите кои се вклучени во цената.
Поефтино излегува во Истанбул и Букурешт, а најскапо во Малта и Дубаи, прославите таму достигнуваат цена и до 600 евра.
Од туристичките агенции во Македонија велат дека интересот за европските дестинации е значително е помал во изминатите години во услови на зголемување на побарувачката за одмор во Бугарија и Грција најмногу поради пониските цени.
Најпосакуваните зимските одморалишта на Македонците во Бугарија и се Банско и Боровец, како и Сандански.
Според туристичката индустрија намалениот интерес за патувања во Западна Европа се должи на неодамнешните терористички напади во Франција, која ќе ја одбележи Нова Година, но без огномет.