06 Октомври, 2024
0.0411

Македонците ширум светот тагуваат заради смртта на Џон Битов

Објавено во: Економија 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Република Македонија со огромна тага ја известува македонската јавност за смртта на г. Џон Луис Николас (Лазо) Битов Постариот на 30 јули, 2015 во Торонто, Канада.

Џон Битов беше канадски бизнисмен со македонско потекло. Тој беше роден во Торонто во 1928 од македонски родители Никола и Вана, кои потекнуваат од селото Габреш, поранешна Егејска Македонија и денес провинција на Западна Македонија во Грција. Растењето во семејство кое ги носело трагите од прогонството и голем број страдања, внело во Џон Битов чувство на патриотство за Македонија и длабока љубов за македонскиот народ. Оваа љубов станала движечка сила која го натерала Џон да го посвети својот живот на неговите верувања и идеали за помагање на Македонија и Македонците ширум светот.

JB1

Неговата силна волја направила од него успешен бизнисмен. Започнал многу млад како помошник во месарницата на неговиот татко. Потоа го отворил својот прв ресторан кој прераснал во ланец ресторани и сето тоа понатаму довело до уште поуспешни претприемачки потфати, вклучувајќи го и создавањето на најголемата компанија за храна и кетеринг во Канада која ги опслужувала најголемите стадиони, болници и аеродроми. Џон Битов Постариот беше еден од најуспешните бизнисмени со македонско потекло во целиот свет.

Покрај неговите успеси како бизнисмен, Џон Битов е еден од малкуте вистински македонски херои на денешницата. Тој веруваше во слободата, правдата и можноста Македонците да ги уживаат основните човечки права во земјите на Балканот. Донираше средства на многу организации кои се посветени на помагање на Македонците кои од тоа имаат потреба. Многу цркви беа изградени благодарение на неговата поддршка – најнеодамна црквата на Пресвета Богородица во Кембриџ и Св. Илија во Мисисага, и двете во Канада. Џон Битов веруваше многу во значењето на образованието, и со неговите заложби македонскиот јазик почна да се изучува на Универзитетот во Торонто. Г. Битов има доделено многу стипендии за исклучителни студенти од македонско потекло во Северна Америка.

JB3

Г. Битов се оженил со неговата американско-македонска сопруга Доца во 1949. Тие биле заедно 67 години се до неговата смрт. Џон и Доца Битови го основаа Канадско-Македонското Место во 1978, пензионерски дом за над 100 Канаѓани со македонско потекло. Оваа институција ја организира една од најстарите македонски манифестации во Канада – Македонскиот Голф Турнир, кој првпат се одржал во 1942 и се одржува еднаш годишно до ден денес.

Џон и Доца беа длабоко погодени од судбината на на децата бегалци од крајот на Втората светска војна. Двајцата имаа роднини помеѓу 30 илјади македонски деца кои беа испратени до земјите на Источно-Европскиот блок, за да ги избегнат смртта и малтретирањето во нивните родни земји. Џон и Доца го организираа и го спонзорираа собирот што се одржа во Скопје, во 1984, на кој по долги години повторно се видоа децата бегалци и нивните семејства. Овој настан стана обележје до денешен ден во поновата историја на македонскиот народ, и доведе до тоа уште многу Македонци да се обединат со своите браќа, сестри, роднини и пријатели.

JB4

Во 1991 тој ја организираше и ја поддржа финансиски меѓународната кампања за признавање на Република Македонија како независна држава од страна на водечките светски сили. Тој се гордееше со тоа што Македонија ја стекна својата независност по мирен пат, без ниеден испукан кушрум, во инаку крвавото распаѓање на поранешна Југославија.

Господинот Битов ја зачна идејата дека дијаспората на Македонците треба да има организација што ќе ја водат професионалци, која ќе работи во полза на економскиот развој на Македонија. Ова резултираше со основањето на Македонија2025 од страна на неговиот син Џон И. Битов (Помладиот), Мајк Зафировски и други видни членови на дијаспората. Организацијата прерасна во најважниот состав на македонски професионаци од целиот свет кои помагаат Македонија да се подобрува и да напреднува на економски план. Џон Битов со гордост ја исполнуваше улогата на Почесен член на Македонија2025.

John B 2

Неговиот сон од детството- дека еден ден повторно ќе постои земја која ќе се вика Македонија - се претвори во реалност. Придонесите кон ова достигнување и помошта за Македонците се неговото наследство за генерациите и за ова тој ќе биде вечно запаметен.

Џон Битов има добиено бројни награди и признанија. Нему му беше врачено највисокото граѓанско признание на Канада, „Канадскиот орден“. Во Македонија тој беше почестен со највисокото признание за животно достигнување, за неговата посветеност кон Македонија, од страна на Претседателот на Републиката, Неговата Екселенција, д-р. Ѓорге Иванов, а тоа е медалот „8 Септември“.

„Џон Битов беше голем македонски родољуб и филантроп, кој ја сакаше Македонија и со зборови и со дела. Тој даде пример за тоа како треба да се промовира вистината за Македонија и како треба да се негуваат македонското име, идентитет и вредности. Во таа смисла, тој беше уверен дека никој не може да ни ја одземе „нашата сопствена независна земја со слободите кои се заработени и името кое е избрано од страна на Македонците. Речиси четврт век Џон Битов упорно работеше за поддршка на развојот и за напредокот на Република Македонија како независна, суверена и демократска држава, како и за нејзина меѓународна афирмација, особено во односите со пријателска Канада. Затоа, кога прославувавме 20 години од независноста, ја имав честа, во името на благодарните македонски граѓани, да го одликувам господинот Џон Битов со Орденот „8 Септември“. Многумина Македонци се инспирирани од него и чекорат по неговите стапки, инвестирајќи во својата татковина. Република Македонија е горда што го имаше Џон Битов кој ја поддржуваше државата и ги застапуваше нашите интереси на глобално ниво. Тој започна процес на сплотување за повисоката цел, и јас сум навистина почестен што лично го познавав.“ - истакна Претседателот на Република Македонија. Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Делата на Битов ќе бидат продолжени преку посветената работа на неговите пет деца: Вона, Ник, Том, Џон И. и Јордан и 16 внуци на кои им ја пренесе желбата да културата и традицијата на македонскиот народ живеат засекогаш. Во една од неговите најпознати изјави, г. Битов рече: „Мојата визија за Македонија е сите Македонци ширум светот да се сакаат и почитуваат меѓусебно“. Тој почина далеку од Македонија, но ја носеше земјата длабоко во срцето.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?