16 Декември, 2025
0.0746

МАРАТОНСКИОТ СПОР СЕ ПРЕФРЛА ВО ЊУЈОРК: Димитров, Коѕијас и Нимиц ја продолжуваат „потрагата“ по решение за името на Македонија!

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2018 06:50

Добивај вести на Viber

Преговорите на Македноија и Грција околу името ќе продолжат во четвртокот и петокот во Њујорк, најавија вчера од МНР. 

Шефовите на дипломатиите на двете земји, Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, повторно ќе се сретнат со посредникот на ОН Метју Нимиц на 24 и 25 мај во Њујорк.

Новата рунда преговори следи после состанокот на македонскиот и грчки премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Софија, на кој како можно обострано прифатливо решение го утврдиле името „Република Илинденска Македонија“.

Владата на Македонија вчера потврди дека останува зад предлогот „Илинденска Македонија“ како решение кое ги задоволува двете страни, иако грчката влада претходно го отфрли тој предлог, инсистирајќи на географска или временска одредница согласно со предлогот на Нимиц.

Медијаторот Нимиц, во почетокот на годината, предложи пет имиња како опција за решение за сложено име -„Горна Макеоднија“, „Северна Македонија“, „Вардарска Македонија“, „Нова Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“. Потоа Македонија го отфрли предлогот со додаток „Нова“ а Грција името Скопје во заграда.

Владата на Македонија се надева дека после договорот со името би можела да добие датум за почеток на преговори за прием во ЕУ, додека во јули, на самитот на НАТО, се надева на повик за стапување во таа воена алијанса.

Мартонскиот спор на Грција со Македонија околу правата на името кое го носи и северната грчка покраина, ја блокира евроатланската интеграција на Македонија. Грција смета дека уставното име на Македонија имплицира територијални претензии, нешто што Македонија го негира.

Можеби ќе ве интересира

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот