„Maserati“ за прв пат го надмина „Ferrari“ по остварениот приход
Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2014
„Maserati“, италијанскиот произведувач на луксузни автомобили во рамките на „Fiat-Chrysler Automobiles“ за прв пат го надмина својот „брат“ и противник, „Ferrari“ по остварената добивка. Тоа му тргна од рака и во третиот квартал оваа година.
Во однос на минатата година, „Maserati“ повеќе од двојно ја зголеми својата заработка, која оваа година изнесува 90 милиони евра, а минатата заработка му беше 43 милиони. „Ferrari“ во однос на третиот квартал на 2013 година ја зголеми заработката за еден милион евра, и истата изнесуваше 89 милиони евра, што значи едно „милионче“ помалку од „Maserati“.
Она што му оди во прилог на „Maserati“ е фактот дека „Ferrari“ мораше да „искешира“ 15 милиони евра на својот донеодамнашен шеФ, Луци ди Монтеземол, кој минатиот месец го напушти „Ferrari“ поради кавгата со својот нов шеф.
Оваа година, продажбата на „Maserati“моделите се зголеми тројно повеќе. Од 7548 продадени возила минатата година, продажбата оваа година скокна на 26.428 возила. Најбарани биле седаните Ghibli и Quattroporte.