Маж починал во Тетово откако бил нападнат од сопругата
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021
Б.В (77) почонал во Клиничката болница во Тетово, откако било констатирана расправија и физичка пресметка со неговата сопруга 76-годишната П.В., информира портпаролот на тетовската полиција.
Во петокот попладнето во МВР било пријавено од лекар од Итна медицинска помош,, кој известил за смртен случај во кој мажот починал по ситуација на веројатно семејно насилство.
На улицата „Маршал Тито“ во Тетово, Н.В. пријавил дека неговиот татко 77-годишниот Б.В. бил во лоша здравствена состојба по што од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, а биле забележани гребаници во пределот на вратот.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција