27 Ноември, 2024
0.0435

MEЧКИТЕ ИМ ВЛЕАЈА СТРАВ НА ЖИТЕЛИТЕ ВО ЖИРОВНИЦА: Како треба да реагираат луѓето при средба со нив и да се заштитат?

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Мечките им влеаја страв на жителите на одредени села во западниот дел на државата. Тие се појавуваат во населените места и претставуваат опасност.

Диме Меловски, програмски координатор за диви животни во Македонското Еколошко Друштво (МЕД) вели дека при директна средба со мечка, луѓето треба да знаат како да постапат и да останат неповредени.

Треба пополека да се повлекуваме, секогаш гледајќи кон животното. Треба гласно да се зборува и да не се бега. Во најголем број од случаите мечките ќе го напуштат местото, поготово доколку се работи за рурална средина во која не се чувствуваат сигурни“, вели Меловски.

Но, има повеќе превентивни чекори кои жителите на селата можат да ги направат за заштита од мечките. Меловски вели дека тоа се долгорочни мерки.

„Треба многу да се посвети внимание на селекција на отпад (барем на органски) и редовно празнење на контејнерите, поготово во летно-есенскиот период. Тогаш има наплив на луѓе - гастарбајтери доаѓаат во август, а празните и иселени села се тогаш полни со народ. Во есен е битно да се управува добро и навремено со отпадот затоа што тогаш мечките најмногу јадат (хиперфагија), затоа што се спремаат за зимски сон. Освен тоа, треба систематски да се исчистат депониите во и околу селата. Створени се нови депонии токму од мечките и кучињата скитници кои го влечкаат ѓубрето наоколу. Во голем дел од селата контејнерите се оградени, ама не во сите (на пример не во Галичник), а некои огради се веќе оштетени и треба обновување. Освен тоа, сите пчелари треба да имаат оградени пчелини кошници со струја со цел да не се навикнува мечката и на овој извор на храна. Треба да пријавуваат средби со мечки секогаш кога ги има за да може да се донесат поригорозни мерки доколку ова е зачестено и сè уште актуелно“, објаснува Меловски.

Тој додава дека дивите животни се гладни и затоа се спуштаат во селата.

„Гладни се. Како што кажав претходно, есенскиот е период кога највеќе се хранат, а оваа година е особено неплодна кога станува збор за шумските плодови и затоа се работи за спој на 2-3 фактори кои доведоа до ова“, рече Меловски.

Сепак, вели дека луѓето не треба да оставаат храна за мечките и наведува дека прихраната само дополнително нив ги навикнува на човечко присуство, а исто така им го зголемува репродуктивниот успех со тоа што поуспешно ќе ги одгледаат младите доколку имаат цело време наплив на храна.

„Освен тоа, што кога таа храна нема веќе да биде давана? Секако дека ќе си го бараат чарето повторно во населбите, затоа што ќе бидат навикнати на тоа“, вели Меловски.

Жителите на Жировница, Општина Маврово Ростуше велат дека често гледаат мечки во и околу селото. Ловот на мечка е трајно забранет, а надлежните спасот ќе го бараат во други методи како чистење на ѓубрето, успивање и дислокација на мечките, па дури и прихрана во планина. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа