16 Декември, 2025
0.0509

Меѓународните училиштa НОВА организираат меѓународен кошаркарски турнир

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2015 14:24

Добивај вести на Viber

Меѓународните училишта НОВА, како еднo од 19-те меѓународни училишта од централна и источна Европа членки на CEESA (Central & Eastern European Schools Association), на своите ученици им овозможуваат учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.

Овогодинешниот меѓународен кошаркарски турнир за средношколки (5 до 7 март), ќе биде организиран во Скопје од страна на НОВА. На турнирот покрај тимот на НОВА ќе земат учество и тимови од Меѓународното училиште од Белград, Србија (ISB - International School of Belgrade), Англо - Американското училиште од Софија, Бугарија (AAS - Anglo-American School of Sofia), Печерск меѓународното училиште од Киев, Украина (PSI - Pechersk School International, Kiev), Meѓународното училиште од Хелсинки, Финска (ISH - International School of Helsinki) и Меѓународното училиште од Братислава, Словачка (QSI – Quality School International, Bratislava).

nova games schedule

Натпреварите од тунирот ќе се играат на терените во спортскиот центар Борис Трајковски во четврток и петок, и во спортскиот центар Кале во сабота. По завршувањето на натпреварите по лига систем (секој со секој), во сабота на 7 март ќе се играат завршните натпревари за освојување на 5-то, 3-то и 1-во место. За најдобрите тимови следуваат пехари и медали.

На самиот турнир фер плејот се цени исто толку колку што се цени и умешноста и посветеноста во самата игра. Поради таа причина најголемиот трофеј се доделува на екипата која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови демонстрирала нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон другите тимови, кон судиите и гледачите.

Ова е навистина престижен трофеј кој секоја екипа го посакува во своите витрини.

На крајот на турнирот исто така се прогласува и All Star Team кој го сочинуваат најдобрите играчи од сите тим. Влезот на турнирот е бесплатен.

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк