Добивај вести на Viber
Американскиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“ во август оствари за 1,9 проценти поголема продажба во целиот свет споредено со истиот месец лани, што е далеку повеќе од предвидувањата на аналитичарите, 0,3 проценти.
Продажбата во Европа е зголемена за 3,3 проценти, после очекуваниот пад од 0,1 процент. За подобри резултати допринесе големата побарувачка во Франција.
Во САД продажбата пораснала за 0,2 проценти, иако беше проектирано зголемување од 0,8 проценти. Во азиско-пацифичкиот регион, на Блискиот исток и во Африка имало пад на продажбата од 0,5 проценти, а очекувањата биле еден процент.
Ланецот „Мекдоналдс“ опфаќа повеќе од 34.700 ресторани во 119 земји од светот, а 81 процент од рестораните работат по франшиза.