Меркел се возеше во Мерцедесот од 600.000 евра?
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2018
Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска во Скопје се возеше со „мерцедесот“ вреден 600 илјади евра набавен од претходната власт, за кој поранешниот премиер, Никола Груевски е осуден на 2 години затвор.
Макфакс потврда дека се работи за истиот мерцедес добиле од лицата кои ја обезбедуваат Меркел.
На заедничката прес конференција на премиерот Зоран Заев со Меркел, Заев изрази благодарност за присуството на Меркел во Македонија и рече дека граѓаните на Македонија ќе и возвратат со успешен референдум.Меркел им порача на македонските граѓани да не седат дома на 30 септември и да се изјаснат на референдумот за прифаќање на Договорот од Преспа.