Мицкоски: Бројчаникот на Заев да покаже колку ја задолжува државата
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2018 10:38
Христијан Мицкоски во интервју за утринска програма на Сител зборуваше за задолжувањата на државата.
Тој алудираше и на бројчаникот кој Заев најави дека ќе го постави за враќањето на парите.
-Мислам дека е добро тој бројчаник да го постави пред владата на Република Македонија и тој бројчаник да покажува на паралелна основа колку ја задолжува Република Македонија, а притоа колку одзема вредност, а не додава. Бидејќи вие имате задолжување кое што не додава вредност, туку имате задолжување кое одзема вредност во Република Македонија, бидејќи немате повторно реализација – изјави Мицкоски.
Според него општествена депресија и разочараност на граѓаните владее од политиките на СДСМ.
-Со жалење можам да констатирам дека се работи за еден тежок период за Република Македонија, за што сведочат и јавувањата на граѓаните во утринските емисии. Генерално луѓето не се задоволни од квалитетот на живот и тоа можам да го препознаам и во секојдневните контакти со граѓаните, без разлика на нивната старосна возраст, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – вели Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




