МИЦКОСКИ: Од ЕУ ми велат вашите власти убедуваа дека даваат гаранција за нешто што не можат да го испорачаат
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024 20:45
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија вели дека во Европската Унија соговорниците му кажале дека екс претседателот Стево Пендаровски и поранешниот премиер Димитар Ковачевски прифатиле нешто кое што не го испорачале односно дека ги убедувале дека ќе обезбедат 80 пратеници за гласање на внесување на Бугарите во Уставот, по принципот како за Преспанскиот договор.
„Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Сега што правиме“, вели премиерот Мицкоски.
Тој потенцираше дека не може да прифати нешто за кое што претходно бил против.
„Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува. Или не ме познава мене или пак не ги познава приликите тука“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски порача дека европските вредности се силни институции, пријателства и добрососедски односи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





