21 Мај, 2024
0.1729

Мицкоски: Протестите на 27 април беа самоорганизирани

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешното сведочење за настаните во Собранието на 27 април 2017 рече дека протестите биле самоорганизирани, односно дека не биле организирани од неговата партија.

- Народот се самоорганизираше. На дел од протестите бев и јас против погрешните политики. Секој има право да изрази револт против девијантни однесувања на политички структури, рече претседателот на најголемата опозициска партија пред медиумите.

Во тој период како негов член, Мицкоски рече дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не „бил дел од самоорганизирањето на народот“

- Ова е монтиран политички процес за да нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ и против активистите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Мицкоски.

Рече дека вечерта имало Извршен комитет кога тогашниот премиер Никола Груевски се вратил од Виена и тоа бил единствениот негов контакт.

Како сведок Мицкоски денеска беше повикан од одбраната, откако на минатото рочиште не се појави поради лични причини.

На претходдно рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и Владимир Неловски. 

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. 

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази