МИЛОШОСКИ ДЕНЕСКА ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЦЕНТАР - го пријавува Азири за закани преку фејсбук за кршење раце и нозе
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2022 11:28
Во моментов, пратеникот Антонио Милошоски се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќа искажаните закани за физичко насилство кон Милошоски.
Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.
Денеска постот го нема на фејсбук на профилот на Азири.
Ова е по вчерашниот инцидент во Собранието, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети, а Азири порача: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, пишувало на постот.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




