Модерен трговски центар ќе никне во Ѓорче Петров
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2015
Доколку минувавте, а не знаевте што ќе никне во оградената локација во Ѓорче Петров на самиот кружен тек, од десната страна движејќи се кон излезот на градот ве информираме дека тоа е местото на кое се гради новата зграда на бизнис центарот „Емпорио“.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/09/10/intervju-sead-kochan-emporio-ke-bide-prv-i-edinstven-trgovski-i-biznis-tsentar-vo-makedonija-po-mnogu-neshta/" target="blank" ]ИНТЕРВЈУ СЕАД КОЧАН: Емпорио ќе биде прв и единствен трговски и бизнис центар во Македонија по многу нешта[/button]
Емпорио ќе биде прв центар во јавно приватно партнерство со општина Ѓорче Петров и едно од ретките капитални инвестиции од тој тип во државата.
Станува збор за трговски центар во кој веќе се познати и првите закупци – еден од најреномираните ланци на супермаркети во Македонија – Рамстор, кој што ќе биде најголем од сите маркети во тој дел од градот и ДМ, еден од најголемите синџири дрогерии во Средна и Источна Европа.
Истовремено, Емпорио бизнис центарот е првиот кој ќе се гради според стандардите и ќе биде специјализиран за ИТ компаниите и кол центрите.
„Нашата предност е што сме лоцирани во најурбаниот дел на општина Ѓорче Петров, со директен излез на кружниот тек на бул. Ѓорче Петров и ул. Св. Воин Драшковиќ. Веднаш до центарот ќе биде лоцирана и општинската зграда. Ова е првпат да функционира ваков тип на партнерство од кое бенифит имаат граѓаните на општината. Атрактивната инфраструктура на зградата и висококвалитетната фасада совршено ќе се вклопат во околината, а Рамстор ќе понуди нешто што одамна им недостигаше на граѓаните во овој реон – супермаркет по најновите стандарди на брендот на површина од 1550 м2”, изјави неодамна претставувајќи го проектот Влатко Богоевски од Фортон Македонија, ексклузивен агент за изнајмување на трговскиот и бизнис центарот.
Објектот ќе биде на 6 надземни и 2 подземни нивоа, со подземен паркинг со капацитет од вкупно 350 паркинг места. Во првото, подземно ниво на приземјето и првиот кат ќе биде сместен трговскиот центар, а вториот, третиот, четвртиот и петтиот кат се наменети за бизнис центарот (канцелариски простор). Општинската зграда е организирана на 3 нивоа, веднаш до трговскиот и бизнис центар.
За градоначалникот на општина Ѓорче Петров, ова јавно приватно партнерство покажува дека се можни големи проекти.
„Општината ќе има најсовремена зграда, што позитивно ќе се одрази на ефикасноста на општинската администрација. Поквалитетна и побрза услуга за жителите на нашата општина е придобивката од овој проект. Јас сум повеќе од задоволен што работите се одвиваат забрзано и за година и пол ќе имаме вистинска репрезентативна зграда на општината”, изјави Сокол Митревски, градоначалник на општината Ѓорче Петров.
Главен инвеститор во бизнис центарот е компанијата Трансмет. Со своето 20 годишно искуство, оваа компанија станува лидер во градежништвото поради проактивниот и иновативен однос.
Емпорио центарот треба да ги отвори вратите за посетителите во првата половна на 2017 година.