23 Јануари, 2025
0.0362

Можат ли КД Фондовите да бидат алтернатива на банкарското штедење?

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Паричните фондови нудат поголема слобода доколку сакате постојано да располагате со своите пари Што да се прави со пари што може да ми затребаат во секој момент, ама не знам точно кога? Прашањето пред неколку седмици ми го постави финансов директор на компанија на која дејноста ѝ наложува да врши плаќања неколку пати во месецот, а приливите кои пристигаат од наплатени фактури треба некаде да се чуваат пред да бидат искористени за соодветното плаќање. Најчесто користена алтернатива е слободните средства да се чуваат на трансакциска сметка. Таа овозможува голема ликвидност и лесен достап до парите. Меѓутоа, оваа услуга во никој случај не е бесплатна. Користењето на трансакциската сметка за извршување на плаќања и добивање на приливи повлекува редовен месечен надомест кон банката за водење на сметката, како и дополнителни трансакциски провизии за секое извршено плаќање. Од друга страна каматата која се добива за средствата кои одлежуваат определено време на сметката е незначителна, (речиси еднаква на 0) дури и занемарлива. И бидејќи здравата економска логика налага да очекувате разумен приход на Вашите пари, следно кое би го избрале од финансиското мени е орочениот депозит каде каматните стапки се далеку повисоки од оние на трансакциските сметки. Недостатокот на орочениот депозит е што ги врзува средствата за определен период, односно Вашите пари не се веќе слободни до моментот додека не се разорочат. А бизнисот и плаќањата во денешно време се толку динамични и непредвидливи... Поради ваквата ситуација македонските фирми продолжуваат да чуваат слободни пари на трансакциските сметки, пред сѐ поради традиционално воспоставените односи со деловните банки. НЕШТО НАЛИК НА ОТВОРЕН ДЕПОЗИТ Поинаква опција која сеуште е малку позната на македонскиот пазар е паричниот фонд КД Кеш Депозит, управуван од лиценцираното друштво за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје. Главната разлика помеѓу него и класичните орочени депозити е што нема потреба да чекате датум на доспевање на депозитот за да повлечете пари без да го изгубите правото на каматата. Добивката се пресметува и припишува секој работен ден, па независно од тоа колку време парите сте ги чувале во фондот, имате право на пресметаната добивка од денот на уплатата на парите до денот на нивното повлекување. На пример, ако орочите 500.000,00 денари на месец дена во банка, а ги повлечете пред истекот на периодот, ќе добиете многу пониска камата од договорената, односно камата по видување како средствата воопшто да не биле орочени. Истите пари вложени во паричен фонд можат да се повлечат целосно или само дел од нив за една, две, три недели или после неколку месеца, а заедно со вложената сума се добива и припишаната добивка за периодот без никакви пенали. „Главната предност на паричните фондови е флексибилноста која тие ја овозможуваат. Паралелно со неа доаѓа и добивката која е еднаква или повисока од каматите на орочените депозити. Поради тоа, нашиот КД Кеш Депозит е соодветен како за физички лица кои бараат алтернатива на банкарскиот депозит со високо ниво на сигурност, така и за фирми кои можат да го искористат за тековно управување со слободните средства“, објаснува м-р Лазе Камчев, инвестициски советник и главен извршен директор на КД Фондови АД Скопје. ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПАРИЧНИТЕ ФОНДОВИ Каква добивка може да се очекува од паричен фонд? Приближно еднаква како за еден депозит орочен на година дена, односно во моментов над 3 % на годишно ниво. Добивката е променлива и во голема мера зависи од каматните стапки кои фондот ги добива од банките во кои ги вложил парите. Можам ли да повлекувам пари кога ќе посакам? Да, заедно со пресметаната добивка за периодот во кој парите стоеле во фондот. Потребно е да се поднесе барање за исплата до друштвото кое го управува фондот во кое се наведува бараната сума и сметката на која да бидат исплатени парите. Исплатата се врши во рамките на еден работен ден. Морам ли да одам во банка за секоја трансакција? Не, уплатите во паричниот фонд може да се извршуваат преку електронско банкарство, а барањето за исплата да се достави по е-маил. Кој ги контролира друштвата за управување и фондовите? Тоа е Комисијата за хартии од вредност, а контролата над нив е подеднакво строга како онаа на банките. Друштвата за управување кои имаат добиено дозвола (лиценца) за работа од страна на Комисијата се објавени на нејзината интернет страна – www.sec.gov.mk. Таму може да се добие информација кое друштво со колку фондови управува, кога ги има добиено дозволите, дали му се изречени некакви мерки за отстранување на неправилности во работењето и сл. Дополнително, друштвата се должни редовно да објавуваат ревидирани финансиски извештаи за себе и фондовите со кои управуваат, како и за структурата на вложувањата на секој одделен фонд, која не смее да отстапува од ограничувањата кои се предвидени со Проспектот на фондот. Проспектите за секој фонд во кои е опишана инвестициската политика се достапни на интернет страните на друштвата. ЦЕЛАТА ПОНУДА НА КД ФОНДОВИ АД СКОПЈЕ КД Фондови АД Скопје како друштво со најголема понуда на фондови на македонскиот пазар управува со паричниот фонд КД Кеш Депозит, како и со три акциски фонда – КД БРИК, КД Нова ЕУ и КД Топ Брендови. Секој фонд формира портфолио од различни финансиски инструменти, а вложувачите можат да одберат еден или комбинација од повеќе фондови. Два од нив оставаат посебен впечаток во последно време. Тоа се КД БРИК кој во изминатите година дена има остварено принос од над 13% и пред сѐ КД Нова ЕУ со принос на годишно ниво од над 22%. Новина во понудата за 2014 година е атрактивниот фонд КД Топ Брендови чија инвестициска политика ги опфаќа најпознатите и најпрофитабилни светски компании. За поконзервативните пак вложувачи и фирмите кои сакаат тековно да располагаат со парите препорачлив е паричниот фонд КД Кеш Депозит чиј принос во моментот изнесува над 3,5% на годишно ниво.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ