28 Декември, 2024
0.0466

Можно ли е младата Марија да заминала во странство? - надлежните во потрага 18 дена

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Засега ни е приоритет да утврдиме што точно се случило со младата Марија Брзакова. Ова за Фактор го изјавија од Јавното обвинителство на Македонија, од каде не сакаат да откриваат повеќе детали за случајот.

„Се уште се преземаат дејствија за да се утврди што точно се случило со исчезнатото лице. Преземаме се што е во наша моќ“, потенцираат од Обвинителството. 

Ова се единствените штури информации кои доаѓаат од надлежните органи околу случајот кој предизвика голем интерес кај јавноста, дотолку повеќе што Брзакова, која е сопруга и мајка на тригодишно детенце, се води како исчезната веќе 18 дена.

А пред неколку дена бура во јавноста предизвика информацијата дека Марија, наводно, била во вториот месец од бременоста.

„Знам дека постов не е за тука, но ве молам споделувајте да се најде... 11 дена нема никаква трага“. Ова е постот кој пред неколку дена беше споделен на фејсбук, преку неколку од групите кои имаат бројни членови. 

„Ве молиме за помош, Македонија, Србија, Бугарија, Романија“, пишува во своевидниот оглас. Во него пишуваше и дека младата дваесет и осум годишна Марија била бремена во вториот месец.

А на постот се налепија многу коментари, кои во отсуство на официјални информации, се единствените што можат да се добијат околу случајот преплетен со мистерија.

Дел од граѓаните што коментирале на постот претпоставуваат дека таа, наводно, побегнала во Швајцарија. Колку подолго ја нема младата жена, толку повеќе се шири и оваа шпекулација.

А токму Марија и нејзиниот сопруг, како што говорат информациите, до скоро живееле во Швајцарија, но во септември се вратиле во родното село на родителите на сопругот.

Други граѓани, пак, што на постот коментирале дека имаат информации, потенцирале дека таа не можела да побегне без документи во странска држава. 

Тие изразуваат и некои свои сомневања, кои Фактор, без потврда од официјални извори, не ги објавува.

СЕ ИСПИТУВААТ СИТЕ ОКОЛНОСТИ

Фактор го праша Обвинителството дали е точно дека Брзакова била бремена, но оттаму велат дека тоа не е во сфера на нивниот интерес. Дури и да има таква информација, не би ја споделиле со јавноста.

„Сега ни е приоритет да утврдиме што точно се случило со неа. Се испитуваат сите околности, сите фактори се земаат предвид“, велат од Обвинителството.   

Случајот веќе го води надлежен обвинител од струмичкото обвинителство.

Според сознанијата, веќе од фаза на предистрага, сега за оваа мистерија веќе се води истрага. Но, од Обвинителството не откриваат повеќе детали.

И од СВР Струмица наидовме на молк. Оттаму велат сите информации да ги бараме од Обвинителството.

„Се уште вршиме потрага, не сме престанале. Но, сега во случајот се вклучи обвинителството и таму барајте ги информациите“, велат од СВР Струмица. 

Надлежните органи всушност бараат разбирање од медиумите, велат дека не е целисходно тие да ги споделуваат со јавноста информациите до кои евентуално дошле.

Таму велат дека кога ќе имаат релевантни информации, ќе ги објават.

А исчезнувањето на Марија кое се случи на 18 јануари, нејзиниот сопруг го пријавил на 20 јануари, или три дена подоцна.

Кога во саботата на 18 јануари младата мајка Марија Брзакова го напуштила својот дом, била облечена во темни тренерки, без документи и мобилен телефон кај себе.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

„УШТЕ 9 ДЕЛА И НЕ МУ БЕГА ДОМАШЕН ПРИТВОР“: бурни реакции во јавноста по новото обвинение за Рамиз Мерко

„УШТЕ 9 ДЕЛА И НЕ МУ БЕГА ДОМАШЕН ПРИТВОР“: бурни реакции во јавноста по новото обвинение за Рамиз Мерко

НОВ ЕКСТЕМЕНО ЛАДЕН БРАН ПО НОВА ГОДИНА - синоптичарите најавуваат температури длабоко под нулата

НОВ ЕКСТЕМЕНО ЛАДЕН БРАН ПО НОВА ГОДИНА - синоптичарите најавуваат температури длабоко под нулата