МУ ЗЕМАЛ 460 EВРА: Скопјанец измамил кавадарчанец за англиска виза
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022
Maж од Кавадарци на возраст од 42 години, на посредник за англиска виза му дал 460 евра, по што виза не добил, а останал и без парите.
Лице од Скопје го измамило кавадарчанецот за 28.600 денари.
„Според пријавеното, пред два и пол месеци тој се договорил со лицето да му помогне да добие работна виза за Англија, по што му ги дал парите“, велат од СВР Велес.
Полицијата работи на расчистување на случајот.