21 Мај, 2024
0.0885

МВР ГО ПРИВЕДЕ МУСА ЏАВИТ - опасен криминалец од Батинци кој избоде момче, сакал да бега скокајќи од втори кат

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Полицијата денеска приведе опасен криминаалец, Муса Џавит од Батинци, кој пред еден месец избодел момче во Студеничани.

Од МВР соопштуваат дека тие прво презеле опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, осомничениот е лоциран и во координирана акција со повеќе тимови од интервентната полиција, буквално е направена опсада на Батинци и криминалецот е уапсен, иако се обидел да бега скокајќи од вториот кат на куќа, информираат од МВР.

„Денеска во 14:30 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје во скопското село Батинци ги приведоа М.Џ. (21) и Р.Р. (24) од Батинци. М.Џ. бил баран со потерница во врска со чл.123 (убиство) од КЗ на РСМ. Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода“, велат од полицијата.

При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми. Лицата се приведени во полициска станица.

Неодамна полицијата уапси уште еден опасен криминалец од ова село познат како Мали Репки, инаку ортак на Муса Џавит.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата за Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата за Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази