26 Ноември, 2024
0.2414

МВР со пријава за претседателот на Одборот на директори на АДСДП

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Претседател на Одборот на директори на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор е меѓу 11-те осомничени за кои се поднесе кривична пријава сомнение за извршени кривични дела „злосторничко здружување”, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Групата го урнала хотелот „Шар Ан“ во Скопската чаршија и го отуѓила просторот, со намера на крај земјиштето да се впише како сопственост на управител на приватна фирма. Уапсени се и тројца поранешни директори на други клучни институции. 

„Имено, прво пријавениот М.Љ., во својство на службено лице—претседател на Одбор на директори во АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор, во периодот од октомври 2022 до септември 2023 година, со неизвршување на својата службена должност за заштита на деловниот простор од значење за Републиката и со намера да прибави за себе и за членовите на злосторничкото здружување противправна имотна корист, извршил противправно рушење, односно уништување на автентичниот објект Хотел ,,Шар Ан“, кој како дел од Старата скопска чаршија со Закон е прогласен за културно наследство. М.Љ., иако знаел дека автентичниот објект е културно наследство во сопственост на РСМ со право на стопанисување на акционерското друштво, заедно со С.Љ., вработен во правно лице и К.Д., советник во НУ Конзерваторски центар Скопје, формирал злосторничко здружување и заедно со неговите членови: Б.М., управител во правно лице и сопственик на правен субјект од Скопје, Н.И., како и Б.Е., сопственик и управител на правно лице и И.Е., вработен во истото правно лице, преземале низа противправни дејствија за противправно рушење, односно уништување на автентичниот објект Хотел ,,Шар Ан“.

Потоа, тие заедно со останатите членови на злосторничкото здружување: К.Ч., поранешен директор на НУ Конзерваторски центар Скопје, А.А., поранешен в.д директор на Управа за заштита на културно наследство и А.У., поранешен заменик на генералниот директор во Агенција за катастар на недвижности, иако знаеле дека не постои правен основ за упис на промена во Агенцијата, подготвиле документација која ја искористиле со помош на С.С., вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, да извршат противправен упис на промена на имотниот лист од градежно изградено во градежно неизградено земјиште и да го променат односно избришат објектот и правото на стопанисување на АД за стопанисување со станбен и со деловен простор.

Со наведените противправни активности, понатаму би се овозможиле понатамошни противправни дејствија од страна на членовите на здружувањето, а С.Љ. да се впише како сопственик на катастарската парцела, со што организаторите би се стекнале со противправна имотна корист за себе и за членовите на злосторничкото здружување, а на државата ѝ нанеле непроценлива штета по однос на статусот на културното наследство, во износ од 180.000.000 денари“, информира МВР.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава