НА 92 ГОДИНИ ПОЧИНА СИНОТ НА МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО: Илија беше министер во првата влада на Македонија
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024
На 92 години почина Илија Андонов – Ченто, син на Методија Aндонов Ченто и министер во првата влада на Македонија.
Илија Андонов бил градежен инжинер, и учествувал во изградба на браната Калиманци. Син е на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ.
Погребот на Илија Андонов ќе биде утре на гробиштата Бутел во Скопје во 15 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 14 часот.