На Британија годишно и се потребни 100 милијарди фунти инвестиции за да ги постигне своите економски цели
Објавено во: Свет 07 Септември, 2024
На Велика Британија и се потребни 100 милијарди фунти нови инвестиции годишно, или околу 119 милијарди евра во следните 10 години за да ги постигне економските цели и да постигне годишен економски раст од најмалку три отсто, покажува анализата на експерти од бизнис центарот Сити во Лондон.
На Британија затоа и се потребни трилиони фунти нови инвестиции во период од десет години, пренесува Гардијан. Според експертите, новите средства треба да се инвестираат пред се во енергетскиот и станбениот сектор. На енергетскиот сектор на Велика Британија му требаат 50 милијарди фунти годишно, додека за станбениот фонд треба да се издвојат од 20 до 30 милијарди фунти, а за проекти за подобрување на водоснабдувањето осум милијарди фунти.
На Лондон му треба и капитал од 20 до 30 милијарди фунти за раст на компаниите на кои им е потребно финансирање за да ги прошират своите операции. Извештајот сугерира дека ОК треба да создаде атмосфера каде што потрошувачите ќе бидат многу поподготвени да преземаат ризици и да ги инвестираат своите пари во локални бизниси отколку да ги чуваат на нивните готовински сметки.
Ваквото однесување треба да се стимулира со укинување на данокот за купување акции и да им се овозможи на компаниите да ги поттикнат луѓето со големи финансиски заштеди да инвестираат, се вели во извештајот, пренесува „Политика.рс“.
Фото: Принтскрин/Фејсбку