„НЕМА ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА АМЕРИКА ОД ТРАМП“: Дик Чејни отворено ја поддржува Камала Харис - и републиканците против Доналд
Објавено во: Свет 07 Септември, 2024
Поранешниот потпретседател на САД од редовите на Републиканската партија, Дик Чејни изјави дека на претседателските избори во ноември ќе гласа за демократската кандидатка Камала Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп.
Чејни рече дека во 248-годишната историја на Америка „никогаш немало поединец кој бил поголема закана за земјата од Доналд Трамп“.
„Како граѓани, секој од нас има должност да ја стави земјата над партизираноста за да го брани нашиот Устав. Затоа ќе го дадам својот глас за потпретседателката Камала Харис“, додаде Чејни во својата официјална изјава, според сметката на Републиканците против Трамп на мрежата X.
New statement from former Vice President Cheney:
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) September 6, 2024
“In our nation’s 248-year history, there has never been an individual who is a greater threat to our republic than Donald Trump. He tried to steal the last election using lies and violence to keep himself in power after the voters… pic.twitter.com/hgRM1IeTLT
Дик Чејни беше потпретседател на републиканскиот претседател Џорџ Буш од 2001 до 2009 година.
Фото: Принтскрин/Твитер