19 Декември, 2025
0.0401

На караванот на Државна лотарија на Македонија доделени три автомобили

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2014 10:50

Добивај вести на Viber

Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија, во време на очекување на седмиот милионер - добитник на НовоЛото 7ка и во пресрет на шестото извлекување од наградната игра Фискала во рака - Награда без мака, Државна лотарија на Македонија го реализира караванот со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите, граѓаните можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија, плус во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки. Интересно е што токму во рамките на овој караван, уште од самиот негов старт, екипата на Државна лотарија се дружи и со најновите добитници на добивките во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Досега, доделени се клучевите на три автомобили. На првиот ден од караванот, тимот на Државна лотарија на Македонија го посети Тетово, а пред продажното СРЕЌНО МЕСТО - Бартон, водителката Марјана Станојковска  го додели автомобилот Пежо 208 на среќното семејство Трајчевски. Во Битола, пред продажното место Вагабонт, клучевите од автомобилот Рено Твинго Тренд, благодарение на Инстант лотаријата Твингоманија 2, на среќната добитничка Ленче Синановиќ Христовска и ги додели водителот Виктор Петров Викса. Караванот на Државна лотарија на Македонија во Неготино го донесе и автомобилот Пежо 208, извлечен во 5тото коло од наградната игра Фискална во рака - награда без мака. Добитничка на овој автомобил е Милица Поповска од Неготино. Клучевите од прекрасниот автомобил Пежо 208, на добитничката Милица Поповска и ги додели водителката на Лото 5, Маја Ристевска. По доделените три автомобили, Караванот продолжи да трага по нови среќни добитници. Ги посетија Куманово и Велес, денеска се во Прилеп, а следните промоции се одвиваат по овој редослед :
ЧЕТВРТОК 15ти КОЧАНИ АНАФИЛ
ПЕТОК 16ти ШТИП ТУТУН ПРОМ
САБОТА 17ти СТРУМИЦА ДООЕЛ КРЕЧЕВИ ( во центар кај Тинекс)
       
ПОНЕДЕЛНИК 19ти ГЕВГЕЛИЈА МОНТЕ МК
ВТОРНИК 20ти КАВАДАРЦИ СИГМА
СРЕДА 21ви КИЧЕВО ДЕТЕЛИНКА
ЧЕТВРТОК 22ри ГОСТИВАР ЈОТОН
ПЕТОК 23ти ОХРИД ПРАГМА
САБОТА 24ти СТРУГА КИКИ ТВИНС
 

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА