24 Јануари, 2025
0.0368

На самит во Абу Даби: Ќе се развива пазарот за мобилни апликации во Македонија?!

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска учествува на осмиот Светски самит за мобилни содржини, кој се одржува во Абу Даби, соопштија од ресорното министерство, а како дел од големото жири, што го сочинуваат  50 еминентни членови од сите континенти, со значајно искуство на полето на креативни индустрии, телекомуникација, како и претставници од  научно – истражувачката дејност.

Наградата на Светскиот самит (WSA – mobile content) ги селектира и промовира најдобрите мобилни содржини и иновативни апликации на светско ниво. Од 435 номинирани апликации во вкупно осум категории, во првата фаза беа избрани 40. Тие ќе ги презентираат своите решенија пред големото жири, кое ќе одбере по еден победник од секоја категорија кои ќе ја понесат престижната награда за „WSA – mobile шампион“ за 2013 година.

Како што соопштија од Министерството, заменик министерката имала работен ручек со шеикот Нахјан Мубарак Ал Нахјан, министер за високо образование и научни истражувања на Обединетите Арапски Емирати, каде било разговарано за можностите за билатерална соработка помеѓу двете земји во образованието и истражувањата, но и за активностите на македонската Влада за привлекување странски инвестиции во областа на технологијата, земјоделството и енергетиката. Во рамки на глобалната конференција, заменик министерката ќе има излагање на сесијата за мобилни иновации, во кое ќе се осврне на улогата на Владата во создавање услови за развивање на пазарот за мобилни апликации во Република Македонија.

На Самитот учествуваат претставници од владиниот, приватниот и граѓанскиот сектор од повеќе од 168 држави, членки на Обединетите Нации.

Можеби ќе ве интересира

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност