01 Ноември, 2024
0.0353

На сметката на ЕСМ легнаа 50 милиони евра од Владата

Објавено во: Економија 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Владата изминатата недела му ја исплати целосната сума од 50 милиони евра на АД ЕСМ предвидена за енергетската криза во снабдувањето со електрична енергија. Ова е прва трансакција од буџетот наменет за државните електрани по повеќе од половина година и втора по големина од почетокот на енергетската криза, откако во првата половина во ноември 2021 беа префрлени 65 милиони евра за ЕСМ.

Владата на седница на 31 август донесе одлука за одобрување на финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Се одобрија средства во износ од 3.100.000.000 денари на Електрани на Северна Македонија, пари обезбедени од Буџетот.

До сега ЕСМ бараше различни начини како да ја финансира „дупката“ што се јавува од разликата помеѓу скапата набавна и релативно евтината продажна цена за домаќинствата. Се бараа позајмици од поликвидните акционерски друштва во државна сопственост и заеми од меѓународните кредитори.

Само во месец февруари кризата принудно ја натера Владата во неколку наврати да му исплати 58 милиони евра на државните електрани. Кога ќе се стави се на збир, излегува дека во 2022 за првите два месеци беа потрошени 80 милиони евра од владиниот буџет. Ако на ова се додадат и парите од 2021 по прогласувањето на енергетската криза, вкупниот износ грубо пресметан е околу 170 милиони евра. Со последните 50 милиони евра, пресметката покажува дека за помалку од девет месеци дадени се 220 милиони евра како поддршка.

Планот за справување со енергетската криза за оваа зима ќе нè чини 300 милиони евра, не се планирани рестикции, но постојат провеќе ризици во однос на неговата реализација, најави премиерот Димитар Ковачевски по состанокот на Советот за безбедност каде тема беше енергетската криза.

Со овој план се предвидува раст од 25 отсто на производството на струја во домашните капацитети преку обезбедување јаглен и мазут за РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино, но и гас за производство на струја во ТЕ-ТО и во централата Когел во сопственост на ЕСМ. Дополнително, истакна Ковачевски, се работи на обезбедување струја од регионот за стопаннството, со цени пониски од берзанските.

„Калкулациите се направени во Министерството за финансии, тој (планот) сигурно дека ќе има потреба за финансиски средства до 300 милиони евра во наредните два квартали, се со цел да обезбедиме електрична енергија по субвенционирани цени за граѓаните и малите потрошувачи, а веќе гледате дека разговараме и со Бугарија за да можеме да обезбедиме базна енергија која доминантно ќе биде за стопанството“, изјави Ковачевски.

Кредит од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се веќе обезбедени за купување на струја од страна на ЕСМ, но гаранцијата мора да помине преку Собранието. Опозицијјата минатата недела брифираше дека нема да го поддржи ваквиот закон.


Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат