Добивај вести на Viber
Утрово во главниот град во населбата Карпош на тротоар беше пронајдено мртво лице.
Според информациите на МВР не се работи за насилна смрт, а најверојатно лице починало од природна смрт.
Безживотното тело нема да се предава на обдукција, поради погоре наведеното а идентитетот на починатиот засега не е познат во јабноста.
Од фотографиите кои ги објавија дел од медиумите може да се забележи дека се работи за лице во поодминати години.
Случајот се случил близина на Партизанска а во полиција пријавиле од Итната медицинска помош.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.