21 Декември, 2024
0.0299

НАБЛИЖУВААТ СТУДЕНИ ДЕНОВИ: Колку бездомници преноќуваат во Пунктот во Момин Поток?

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Вообичаено кон крајот на декември, поголем број на бездомници преспиваат во Пунктот во Момин Поток. Тој е единствено место од овој тип во градот Скопје кое на неделна основа услужува вкупно 170 бездомници кои ги добиваат сите сервисни услуги кои се нудат во овој пункт. Според временската прогноза, се најавува нов влажен бран, но и врнежи од снег на повисоките места.

„Поголема бројка на бездомни лица кои имаат потреба од преноќување и добивање на сите сервисни услуги има вообичаено на крајот на месец декември. Согласно со температурите во градот Скопје, оваа услуга на 24 часа работа на привременото прифатилиште секоја година е достапна на оваа категорија на лица, со цел да се згрижат во топол простор, да ги задоволат своите егзистенцијални потреби, како и да се подобри нивната здравствена состојба со тоа што не би биле изложени на минусни температури и во ризик да западнат во состојба на хипотермија. Стационарниот дел кој служи за преноќување е место кое ги нуди сите услуги кои им се потребни на бездомните лица за подобрување на нивната целокупна добросостојба, е место кое во континуитет е посетувано од редовни бездомни лица кои единствениот спас и решение во ладниот период го гледаат токму во ова прифатилиште“, вели доц. д-р Драгана Лазаревска, координатор на Пунктот за бездомници при Црвен крст-Момин Поток.

Таа објаснува дека во пунктот за бездомници во 2010 година е отворено привременото прифатилиште кое се отвора при екстремно ниските температури, кое се состои од машко и женско одделение, каде и во едниот и другиот дел можат да се згрижат по 16 бездомници, со што максималниот капацитет во стационарниот дел се 32 легла. При екстремно ниските температури пунктот во Момин Поток е отворен 24 часа, во кои постојат дежурни мобилни тимови кои во секое време се достапни при дојава на бездомник од совесни и хумани граѓани или при теренска обиколка на градот Скопје. Мобилните тимови на терен при екстремно ниските температури со патролно возило ги делат сите потребни работи како што се вреќи за спиење, ќебиња, топла облека, витамини, чевли, како и топла храна и топли напитоци на бездомниците кои ќе бидат детектирани на градските улици и ќе одбијат да се згрижат во стационарниот дел за преноќување.

„Во пунктот за бездомници постои палета на сервисни услуги кои ги добиваат бездомниците на дневна основа, како што се перење на валканата облека и земање на нова испрана, бањање, добивање на топол оброк и топли напитоци, третман против вошливост и шугавост, медикаменти и преглед од страна на доктор, вадење на потребната лична документација, асистенции до институции од здравствен и социјален карактер, консултативен разговор со социјален работник и психолог. Тимот во пунктот за бездомници брои 10 вработени лица, кои го сочинуваат еден социјален работник, доктор, психолог, три домаќинки за хигиена, и логистичка служба, секој со свои задачи, обврски и задолженија“, додава Лазаревска.

Пунктот за бездомници при Црвен крст во Момин Поток е отворен во 2008 година и веќе 15 години во континуитет успешно ја дава потребната помош и поддршка на една од најзагрозените категории на лица-бездомниците за нивна успешна реинтеграција и ресоцијализација во здравите општествени текови. 

Во земјава 350 бездомни лица се евидентирани во последниот попис во 2021 година, но вистинската бројка е многу поголема бидејќи не се опфатени малолетниците. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија