Над 14.000 граѓани пријавени во првите три дена за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2024 17:11
На веб страницата - vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени над 14.000 граѓани. Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела.
Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, објави Министерството за здравство, од каде додаваат дека континуирано се зголемува бројот на обезбедени вакцини.
„Потсетуваме дека пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате“, објаснуваат од таму.
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
Можеби ќе ве интересира
ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува северен ветер до 60 километри на час
