05 Јули, 2024
0.0290

Нафтата поскапува, златото ја следи во чекор

Објавено во: Економија 24 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Енергетска СТОКА Американската нафта поскапе откако ја зголеми својата вредност со 2.8%. Повторно главна причина за растот на "црното злато" се покажа веста за резервите на нафта во САД. Податоците за залихи во САД забележаа раст за уште еднаш и ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Резервите на нафта се зголемија за 5,3 милиони барели и покрај предвидувањата за раст од 2,7 милиони. Резултатите покажуваат дека прелепувањето на американската економија со нафта е намалено, што може да се претпостави дека е добар знак за цената на суровината. Пред два дена беа обновени воените дејствија во Јемен, кој исто така имаа силно влијание врз пазарот на нафта. Во исто време, мерките за стимулирање на економскиот раст во Кина, во наредните месеци може да покажат поддршка на цените на суровините. download Акциите на лесна сурова нафта за испорака во мај завршија на ниво од 57,53 долари за барел. Во моментов, цената се наоѓа над нивото на 14-периодниот просек, двоумејки се над оваа вредност за последните 20 дена. Од осцилаторот RSI гледаме дека вредноста е непосредно под нивото на прекупеност кај 70 поени, што значи дека може да се очекуваат продажби во наредните денови. ХАРТИИ МЕТАЛИ Златото ја зголеми вредноста, откако забележа раст од 7,40 долари за унца. Поддршка на благородни метали покажаа вестите за макроекономските индикатори во САД. Резултатите за продажбата на нови домови беа послаби од очекуваното и тоа придонесе за падот на американскиот долар на меѓународните пазари. Тоа од своја страна е добра можност инвеститорите да купуваат злато. download (1) Акциите на злато се наоѓаат непосредно под просечната вредност за последните 14 дена, што е знак дека при завршувањето на трговијата под овој трендовски показател, би можеле да очекуваме пад во наредните денови на пазарот на скапоцениот метал. Акциите на среброто со рок на испорака за месец мај се зголемија за 3,3 центи и ја завршија трговијата на ниво од 15,83 долари за унца. К.К    

Можеби ќе ве интересира

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан