„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024
Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.
- Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање - истакна Митева на прес-конференција.
Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисол Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“.
Османи за ТВ21 денеска рече дека земјава треба да ги реализираме уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот.
- Еве, јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните пет години Бугарија продолжува да ја спречува Северна Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега - истакна Османи.
Фото: Архива
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.