НАЈМНОГУ ТУРИСТИ ИМАМЕ ОД ТУРЦИЈА И СРБИЈА: Која е третата земја која изненади со голем број посети?
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024
Најмногу туристи во земјава има од Турција, Србија, а трета е Романија.
Интересно е тоа што во август за прв пат бројот на туристи од Романија се искачи на 5.996, иако како и во изминатите месеци најмногу туристи дошле од Турција (50.227), потоа од Србија со 9.898. Од Холандија имало 4.997 туристи, од Полска 4.667 и од Германија 4.537 туристи. Oд Грција дошле 2.851 туристи, од Бугарија 1.960, од Албанија 1.311, од Косово 1.305, од Италија 2.031, од САД 2.572, од Шпанија 1.773, од Хрватска 2.342 туристи.
Бројот на туристите во август 2024 година изнесува 232.576 и е зголемен за 7,2 отсто во однос на август минатата година. Податоците ги објави Државниот завод за статистика(ДЗС). Од вкупниот број туристи 48,6 отсто се домашни, а 51,4 отсто се странски туристи. Бројот на ноќевањата во август 2024 година изнесува 911.478 и е зголемен за 3,9 отсто во однос на ланскиот август.
foto Wikipedia/Bijonse