07 Октомври, 2024
0.0332

Намалување на платите, повисоки рати на кредитите: Како ќе се спасува економијата?

Објавено во: Економија 24 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Каква ќе биде 2015 та година? На ова прашање и економистите и монетарните власти имаат речиси идентилен став, дека ќе продуцира големи проблеми во економијата. Политичката криза е толку голема што не може да не се преслика во економијата. „2015 требаше да биде една од подобрите економски години, бидејќи таа доаѓа по две години во кои остваривме солиден економски раст. По нашите проекции, тој раст требаше да продолжи уште посилно во 2015 година со раст на БДП од 4,1 отсто и тоа не беше само наше видување, тоа беше видување и на Европската комисија и на ММФ и на останатите меѓународни финансиски институции коишто прават проекции за македонската економија. Тој тренд за жал е доведен во опасност поради случувањата на политичката сцена во последните неколку месеци и може да биде загрозено тоа остварување коешто беше доста извесно“ вели гувернерот на НБРМ Димитар Богов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. [button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2015/05/23/non-sens-ili-zoshto-ne-treba-da-rastat-kamatite/" target="blank" ]Нон-сенс, или зошто не треба да растат каматите[/button] Кризата според него ќе значи помалку инвестиции, создавање помалку работни места, можеби и намалување на плати, ако дојде до таква ситуација да имаме повисоки каматни стапки, сите коишто имаме кредити ќе имаме поголеми рати за плаќање, исто така бизнисите ќе имаат поголеми рати за плаќање, вели гувернерот Богов. “Политичката криза ќе влијае врз економскиот раст преку повеќе канали. Најсилен ќе биде ударот врз странските директни инвестиции. Таа ќе се рефлектира на тој начин што најпрво ќе има воздржаност од нови инвестициски вложувања а оние кои веќе донеле одуки за инвестирање, плановите би ги одложиле за некое идно време. Вториот канал преку кој ќе се одрази кризата се домашните инвеститори и каиталните инвестиции, и тука ќе има водржана економска активност“, објаснува економистот Благица Петревска од Асоцијацијата за економски истражувања. Според неа граѓаните ќе се воздржуваат од купување на трајни добра, како станови и недвижности, што значи намалена потрошувачка а можно зголемено штедење поради вкупната неизвесност. „Многу важен сегмент ќе биде и Буџетот, односно неговото идно менаџирање. Имено, се наметнува потреба од ребаланс во состојба кога буџетските приходи не се со планираното темпо а од друга страна се најавени нови трошења што претходно не биле планирани. Ребалансот на буџетот ќе води во две насоки – или сериозно кратење на трошењата за да се одржи зацртаниот буџетски дефицит или одржување на планираните трошења пред продлабочување на буџетскиот дефицит, што пак значи нови задолжувања. Сметам дека е непоходно да се скрати од оние непланирани и непродуктивни трошења кои вршат притисок на буџетот“, вели Петревска. Македонија, од економска оаза - до економски колапс!

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми