Добивај вести на Viber
Премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук ја објави новогодишната честитка.
„Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас.
2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3%, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој.
2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција. Ќе вложиме во економијата, инфраструктурата и образованието, со фокус на подобар живот за сите. Ќе ја градиме Македонија која ја заслужувате – силна, стабилна и ваша.
Среќна Нова година!
Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани“, напиша тој.