16 Декември, 2025
0.2566

Нашата галаксија 50 проценти поголемa отколку што се мислеше?

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2015 18:45

Добивај вести на Viber

Астрономите од Њујорк наведуваат како веруваат дека нашата галаксија е 50 отсто поголемa отколку што претходно се мислеше. Друг тим откри џуџести галаксии кои орбитираат околу Млечниот Пат.

Астрономите откриле како далчениот „прстен“ на звезди би можел да биде дел од нашата галаксија, што би значело дека таа е 50 одсто поголема, односно дека е широка дури 150 000 светлосни години.

Научниците од политехничкиот институт Ренслер во Њујорк го анализирале тој  „прстен“ на звезди кој три пати ја обвива нашата галаксија. Се наоѓа 65 000 светлосни години од средината на галаксијата, а претходно се мислеше дека тоа е дел од звездите од околната галаксија која и припаѓа на нашата локална група.

„Овие примери изгледаат како да ја следат спиралната структура на Млечниот пат, па би можеле да бидат поврзани“, рекла Хајди Нјуберг за Дискавери Њуз.

Наулниците користеле податоци од проектот на „Sloan Digital Sky Survey“ кои повторно го анализирале сјајот и оддалеченоста на звездите на работ од галаксијата.

Хајди Нјуберг вели дека претходно сметала дека тие звезди се трага на други галаксии, и со години барале докази за тоа, но сега ги нашла оние кои укажуваат на спротивното.

Откриени девет џуџести галаксии

За прв пат по десет години, научниците открија нови џуџести галаксии, оние кои имаат неколку милијарди или помалку ѕвезди, кои орбитираат околу Млечниот Пат. Милијарди пати се потемни од нашата галаксија и околу еден милион пати помалку масивни, објави „Вашингтон пост“. Најблиските се наоѓаат на растојание малку помалку од 100.000 светлосни години, а најдалечната еден милион светлосни години од Млечниот Пат.

Но, астрономите се сигурни дека во случајот на трите се работи за џуџести галаксии, додека останатите шест би можело да бидат кластери на ѕвездите кои заедно не ги држи  темна материја, која е честа појава, туку галаксии кои орбитираат околу.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив