Национална награда за добра пракса за безбедност и здравје при работа за ЕВН Македонија Електрани
Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2016 10:26
ЕВН Македонија Електрани е добитник на националната награда за добра пракса за безбедност и здравје при работа за 2015 година. „Советот за безбедност и здравје при работа“ и „Македонското здружение за заштита при работа“ и го доделија ова признание на ЕВН за континуитетот во подобрувањето на процесите и мерките на безбедноста и заштита на здравјето на своитевработени.
„ЕВН Македонија Електрани, како компанија која е дел од групацијата ЕВН, постојано дава голем акцент на безбедноста и здравјето на своите вработени и тоа како во делот на едукација, така и во делот на следење, имплементирање и унапредување на сите позитивни европски и светските норми и трендови во областа безбедност и здравје при работа”, изјави на свеченото доделување на наградата д-р Мирослав Митровски, управител на ЕВН Македонија Електрани.
Според г. Димитар Наумов, раководител на одделот за заштита при работа и здравје во ЕВН, оваа награда претставува потврда на сите активности во делот на безбедност и здравје при работа кои се реализираат и се поткрепени преку активна соработка меѓу стручните лица на групацијата, вработените, синдикалната организација и претставниците на вработените кои даваат голем придонес при изборот, набавката и примената на нова опрема, средства и алат за работа, едукативни активности и вежби, здравствени прегледи и дополнителни активности чија крајна цел е заштита на животот и здравјето на вработените.
Наградата беше доделена на обележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, каде главна тема беше „ Стресот на работното место: Колективен предизвик”.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив





