„НЕ БРЕ ТРУПОВИ, НЕ СЕ СОЗДАВААТ ЗДРАВИ ЕКОЛОШКИ НАВИКИ СО ПРЕЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХ“: Најчевска вели ова е сиров криминал спакуван во целофан
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2024
Професорката Мирјана Најчевска реагира за набавката на прочистувачи на воздух во училиштата.
„Не бре трупови, не се создаваат здрави еколошки навики со пречистувачи на воздух, туку со садење дрва, со поголем број зелени површини, со правење градини околу училиштата, со рециклирање на ѓубрето, со чистење на реките, со штедење на водата, ...
Ова е сиров криминал спакуван во целофан.
Некоја фирма блиска до некој функционер ќе се офајди од ова за сметка на животот на децата и сите граѓани на ѓубриштето во кое живееме.“, напиша таа на фејсбук.