31 Октомври, 2024
0.0285

„НЕ Е ПОЕНТАТА НЕКОГО САМО ДА СТАВИМЕ ВО ЗАТВОР“: Јанев од БЈБ вели „со дигитализација нема да има случаи во фиока“

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“.

Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор.  

Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.

- Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови - разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија - вели Јанев.

Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците. 

- Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.

Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација. 

-За МВР овде имаме два сегменти - го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.

Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.

-Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.

Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

Фото: Принтскрин/МИА

Можеби ќе ве интересира

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

МУРТЕЗАНИ НАЈАВИ ДЕКА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ОДИ ВО КОСОВО: Ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград

МУРТЕЗАНИ НАЈАВИ ДЕКА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ОДИ ВО КОСОВО: Ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград