Не очекува продолжен викенд
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2015
Викендов што ни доаѓа ни носи неработен ден.
Денот на Републиката, 2 Aвгуст, односно 3 август понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Втори август - „Илинден“ е неработен согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
На годишна основа не чекаат уште неколку продолжени викенди:
• 08 септември (вторник), Ден на независноста • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба • 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”