НЕ ПОМИСЛУВАЈТЕ ДА ТРГНЕТЕ НА ПАТ КОН БУГАРИЈА: На Деве Баир се чека повеќе од три часа
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017
Километарски колони повеќе од три часа чекаат на граничниот премин Деве Баир за излез од Македонија кон соседна Бугарија.
Причина за долгиот застој е паднатиот бугарски систем.
Очевидци за Фактор велат дека на преминот се заглавени повеќе од четири часа.
„Веќе со часови сме заглавени овде. Не знаеме до кога ќе чекаме и кога ќе се оправи системот за наплата“, велат за Фактор граѓани кои утринава тргнале на пат.